Победникот на X-Factor UK треба да се врати во Јамајка

Далтон Харис (24) е победник на овогодинешниот X-Factor. Талентираниот Харис потекнува од Јамајка, а доаѓа од големо семејство. Тој има дури 22 браќа и сестри, а од самиот почеток на шоуто беше еден од главните фаворити на публиката, но и самото жири.

И покрај победата во шоуто, Хари ќе мора да ја напушти територијата на Англија. Имено, на младиот пејач му истекува визата и ќе мора да се врати во Јамајка, а се надева дека тој проблем нема да му пречи во кариерата.

-Се надевам дека таа папирологија брзо ќе се реши. Имав виза која траеше онолку колку што беше потребно за снимањето на шоуто, а верувам дека ќе добијам нова, рекол Далтон за британскиот The Sun.

На само 16 години победи во музичкото шоу ‘Digicel Rising Stars’ во Јамајка. Благодарејќи на победата, Харис освои и милион јамајкански долари, а после победата ја издаде првата песна Pauper која беше на врвот на топ листите во Јамајка.

До неговиот настап на овогодинешниот X-Factor снимил три албуми. Публиката и жирито ги остави без здив уште на првата аудиција откако ја отпеа песната “Sorry Seems To Be The Hardest Word”.

-Пораснав во голема сиромаштија, во куќа која имаше само една соба. Бевме без струја и питка вода, но тоа не е тажна приказна. Важно е дека од сето тоа излегов како победник, рекол на првата аудиција.