По скандалот со Дизел сега Порше ќе плати казна од 535 милиони евра

По скандалот со Дизел сега Порше ќе плати казна од 535 милиони евра

Откиено е дека на возилата од Порше има лажирани податоци за емисијата на штетни гасови…

Пред 4 години компанијата „VW“ доживеала вистински пекол, кога открила дека податоците во 11 милиони автомобили биле лажни и дека емисијата на гасови која овие автомобили ја прикажуваат е всушност лажна и ги надминува границите на еколошката безбедност.

Бидејќи Порше е дел од компанијата „VW“, откриено е дека голем дел од Порше автомобилите ги поседуваат истите лажирани податоци. Иако сè уште не е утврдено колку од возилата на Порше го имаат овој проблем, објавено е дека автомобилите на Порше ќе мора да платат казна од 535 милиони долари, а доколку се докаже дека постои поголем број на возила со овој проблем, казната ќе биде поголема.

Иако навидум ова е огромна сума на пари, сепак таа е мизерна во однос на паричната казна која што треба да ја плати „VW“, затоа што германската компанија пред четири години платила речиси 16 милијарди долари за да се искупи за оваа измама.