По отказ, со крената глава!

По отказ, со крената глава!

Не е попусто кажано дека по отказ на човек му е потребна ментална сила да издржи. Оптеретени сте со страв дали ќе имате доволно финансии за основни животни потреби. Најчесто по отказ се јавува депресија, инсомниа, анксиозност, чуство на безизлезност, од потреба од алкохол па се до криза во бракот. Накратко што е поголем размерот на невработеност здравствените проблеми се поголеми, а по тоа што психата и организмот се во тесна врска, на оваа стресна состојба и организмот ќе реагира.

-Тешко е човек да има духовна сила ваквата ситуација да не ја доживее стресно. Но според психолозите она на што имаме влијание е да се обидеме да го намалиме стресот  со што ќе се потрудиме ваквата новонастаната ситуација да трае кратко. Веднаш побарајте нова работна позиција, испратете го вашето CV, јавете на пријателите, поширок круг познаници со цел да знаат за вашата намера, а тоа е дека си барате работа!

Психолозите велат доколку ја канализирате вашата енергија кон наоѓање нешто во случајов подобро, секоја работа во која се вложува труд резултира со успех, на крајот.

Совет плус, во тешка ситуација ваква или пак од друг тип, олеснителна околност е кога имате со кого да ја споделите грижата, изненадно олеснува кога подсвесно знаете дека не сте сами.

Психолозите посочуваат 4 чекори за прифакање на состојбата:

Не срамете се

Отказ може да се случи секому. Притоа, да биде јасно не секогаш станува збор за личен неуспех.

Излезете од безизлезноста

Тоа што во моментов сте без работа, не значи дека ќе биде за долго. Не се форсирајте. Секој ден до наоѓање на решение одвојте 20 минути за грижи а остатокот, барајте решение!

Направете план на денот

Испланирајте го денот со обврски, активности. Барајте работа, рекреирајте се, видите се со луѓето кои не сте ги виделе одамна.

Бидете флексибилни

Размислете за себе надоградба во слободниот период, можеби во стекнување нови вештини кои ќе ви помогнат за ново работно место. Не вракајте се назад, дајте си простор да откриете што посакувате за себе.