По Нејмар се повреди и Мбапе!?

По Нејмар се повреди и Мбапе!?

Франција игра пријателски меч против Уругвај, а најверојатно главниот играч им се повреди.

При напад на триколорите, голманот на Уругвај, прилично несмасно  влезе во дуел со младиот француски играч, кој што веднаш по падот се пожали на повреда.

Ова е неверојатно сценарио за ПСЖ вечерва, откако пред само еден час беа информирани за повредата на Нејмар, сега посебен проблем може да претставува и евентуалната повреда на Мбапе на само една недела пред важниот меч во ЛШ против Ливерпул.