По 35 години отворено кино во Ријад, Саудиска Арабија

По 35 години отворено кино во Ријад, Саудиска Арабија

Со кино проекција на американскиот филм Black Panther, во Ријад денеска беше отворена првата кино сала во Саудиска Арабија по повеќе од 35 години.

Отворањето на кината властите во Саудиска Арабија го најавија лани во декември со промовирањето на реформскиот план „Визија 2030’, предложен од престолонаследникот, крунскиот принц Мохамед бин Салман.

Целта на овој план е модернизација на земјата во обид за привлекување странски инвестиции и диверзификација на саудиската економија, која доминанто е зависна од производството и извозот на нафта.