Питер Крауч ќе настапува за Барнли до крајот на сезоната

Питер Крауч ќе настапува за Барнли до крајот на сезоната

Питер Крауч до крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на англискиот премиерлигаш Барнли.

 

Крауч во финишот на јануарскиот преоден рок потпиша за Барнли каде што ќе настапува до крајот на оваа сезона.

Питер Крауч во Барнли пристигнува како дел од трансфер пакетот за Сем Вокс кој што од Барнли, се пресели во Стоук. Освен Крауч, Барнли доби и пари, а вредноста на целиот трансфер се проценува на околу 9 милиони фунти.

Крауч во својата досегашна кариера ги бранеше боите на Тотенхем, Далвич, Хеслхолм, КПР, Портсмут, Астон Вила, Норич, Саутемптон, Ливерпул и Стоук.