Пирло со предлог до управата на Интер

Пирло со предлог до управата на Интер

Андреа Пирло е еден од ретките фудбалери кои во својата кариера ги носеа дресовите на дури три големи клуба во Италија, или поточно, црно-синиот на Интер, црвено-црниот на Милан и црно-белиот на Јувентус.

Неповторливиот играч за врска најмногу време мина во Милан каде настапуваше дури 10 години, но интересно е тоа што кај росонерите пристигна од редовите на лутиот градски ривал кој своевремено процени дека Пирло нема доволно голем потенцијал.

Тоа се покажа како огромна грешка на нераѕурите, кои пак сега добија еден бесплатен совет од Пирло кој во изјава за Скај процени што му недостастува на актуелниот тим на Интер.

Во изминатиов летен преоден рок, на големо се шпекулираше дека Модриќ е човекот кој може да направи разлика во играта на Интер, но според Пирло, многу подобар потег за клубот ќе биде ако тргне по другиот Хрват кој настапува во Барселона.

Брозовиќ е добар и се гледа дека го има потребниот квалитет за да настапува за Интер, но потребно е да има и постојан континуитет. Сепак, мислам дека Интер треба да зададе еден завршен удар во средниот ред. Тоа треба да биде Ракитиќ – потенцира Пирло.