Пирло со посебен осврт за работата на Гатузо

Пирло со посебен осврт за работата на Гатузо

Италијанскиот гигант Милан во последните неколку години е далеку од самиот врв во Серија А и европските купови, се сменија неколку раководство, тренери, но турбуленциите продолжија, а еден таков период е токму сега и дел од медиумите пишуваат дека тренерот Џенаро Гатузо нема да го преживее истиот.

„Росонерите“ се пет мечеви во низа без победа (сите конкуренции), а на последните четири во Калчото немаат постигнато ниту еден погодок. Миланезите ремизираа со Фрозиноне, Болоња и Торино и загубија од Фиорентина (1-0) што е сосема јасен знак дека екипата е во криза.

Гатузо ја презема одговорноста на себе за лошите резултати притоа порачувајќи дека ќе даде се од себе за да ја промени ситуацијата. Останува дилемата дали ќе добие шанса за тоа или можеби дуелиот со СПАЛ ќе биде последен за него на кормилото на поранешниот европски шампион.

Според Андреа Пирло кој своевремено беше дел од Милан, раководството не смее да го отпушти енергичниот Гатузо затоа што тој едноставно ја заслужува оваа работа.

-Немам сомнеж, Рино заслужува да остане во Милан. Прави се што може во оваа комплицирана ситуација, па според мене Гатузо ќе остане во Милан, -рече Пирло за „Скај Спорт Италија“.