Пирели се решија за медиум, софт и суперсофт за следните две трки во Ф1

Пирели се решија за медиум, софт и суперсофт за следните две трки во Ф1

Пирели го објави изборот на пневматиците за Големата награда на Белгија и Големата награда на Јапонија кои ќе следуват по летната пауза во Формула 1.

Италијанците се решија за медиум, софт и суперсофт за двете трки кои се на програмата една по друга. Исти избор Пирели направи и за Бахреин и Шпанија, трки кои веќе се возеа.

Изборот на Пирели за трката на Спа Франкошамп се разликува од ланскиот кога донесоа ултрасофт како најмека компонента, но ионака целата овогодишна гама е помека за едно скалило од ланската.

Во Јапонија и годинава ќе се вози со истите гуми како и 2017 година. Изборот на гуми во Формула 1 се прави 14 седмици пред трката.