Пинк доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

Пинк доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

39-годишната пејачка ја доби поддршката од двете деца и сопругот Кери Харт на церемонијата во Лос Анџелес.

Облечена во црно-бел стајлинг со црвени детали, музичката ѕвезда позираше со 7-годишната ќерка Вилоу и 2-годишниот син Џејмисон и 43-годишниот сопруг, со кого е во брак 13 години.

„Ова е нереално. Во последно време размислував за текот на оваа кариера која на некој начин успеав да ја изградам. Го потпишав мојот прв музички договор пред 23 години. Поминаа две децении и тие беа значајни и прекрасни. Денес за мене е прослава за нешто што ме научи мојот татко. Постои моќ во верувањето во себе – можеби не си најдобра, можеби не си најубава или највисока или најсмешна или најталентирана… Но, ако ти си тврдоглава и не се откажуваш и работиш навистина напорно – никој друг не може да биде тоа што си ти. Ова денес е апсолутна чест. Денес го докажува тоа“ – изјави Пинк.