Пике останува во репрезентацијата

Хуан Луис Лареа, инсистира дека Џерард Пике нема да биде исфрлен од шпанскиот тим за последните два натпревара од квалификациите за СП во Русија и покрај тоа што навивачите се свртеа против него поради поддршката за каталонската независност.

Пике никогаш не ја криел желбата за независна Каталонија и гласаше на контроверзниот референдум критикувајќи ја полициската бруталност.

Сепак, шпанските медиуми тврдат дека главниот конфликт е со неговиот колега од одбраната, капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Минатата недела Рамос изјави дека Пике како да сака да биде навредуван од шпанските фанови, а сега весникот Ас тврди дека шпанската федерација побарала тој да не дава изјави за новинарите поради стравот да не каже нешто негативно за Пике.