Пике e спремен да се повлече од Шпанската репрезентација!

Фудбалерот на Барселона Жерар Пике кој вчера на референдумот ја поддржа независноста на Каталонија изјави дека е подготвен да си замине од шпанската репрезентација.

– Доколку во Фудбалскиот сојуз сметаат дека ќе бидам проблем во шпанската репрезентација, веднаш ќе се повлечам, порача Пике.Навивачите на Шпанија преку социјалните мрежи бараат од раководството на Сојузот да го отстрани Пике од националниот тим.

– За него веќе не треба да има место во репрезентацијата. Пике не заслужува повеќе да го носи дресот со шпанските бои. За Шпанија не смеат да играат фудбалери кои бараат отцепување на дел од нејзината територија, се дел од пораките упатени на сметка на Пике.

Останува да се види дали играчот на Барселона ќе биде повикан во репрезентацијата за следните квалификациски натпревари кои се за неколку дена.