Пијан фан на Бритни играше со неа на сцената

Бритни Спирс  во саботата одржа уште едн во серија концерти во Лас Вегас, и во еден момент сцената ја подели со обожавател, кој играше на песната Freakshow.

Се чинело дека дечкото не бил баш свој, а тоа го забележала пејачката и гон запрашала дали е додбро.

“Дали си во ред? Колку години имаш? ” – праша Бритни, на што не доби одговор.

По приближувањето кон него, Бритни одеднаш искоментира: “Боже, ти мирисаш како да имаш испиено многу алкохол”, на што се насмеаа повеќе од 4.000 луѓе кои ја следеа нејзината изведба.

И покрај тоа, добил маица и автограм од Бритни Спирс.