Peugeot 508 доаѓа во 2019 година

Peugeot 508 доаѓа во 2019 година

На интернет се појавија неколку фотографии од новата генерација на 508-ката на Peugeot, непосредно пред официјалната светска премиера на овој модел.

Peugeot 508 за 2019 година, кој ќе ѝ биде претставен на публиката на авто-салонот во Женева кон почетокот на март, има поспортски изглед од претходникот кој повеќе е дизајниран како класична семејна лимузина.

Предниот дел на автомобилот делува поагресивно благодарение на специфичниот облик на хаубата и тенките, каскадно обликувани фарови на кои се надоврзуваат вертикално поставените дневни LED светла.

Слична дизајнерска идеја е остварена и во задниот дел, благодарение на малиот спојлер на врвот од багажникот со тенки LED светла и затемнетата површина помеѓу задните светлосни групи.

На “протечените” фотографиите е прикажана и GT верзијата, која напред има поинаква маска, а позади се наоѓаат две хромирани издувни цевки.

Покрај тоа, 508 GT содржи аеродинамични додатоци од страните и црни надворешни ретровизори.

Податоците за моторизацијата се засега недостапни, но се шпекулира дека новиот Peugeot 508 во понудата ќе има 1.5 и 2.0 BlueHDi дизел мотори, како и бензински агрегати од најновата генерација.

Се споменува и хибридна верзија со вкупна комбинирана моќност од 300 коњски сили.