Перо Антиќ се врати во Црвена Ѕвезда

Кошаркарот Перо Антиќ го напушти европскиот шампион Фенербахче и се враќа во Црвена ѕвезда чии дрес го носеше од 2005 година до 2007 година.

Македонскиот интернационалец потпиша едногодишен договор со „црвено-белите“ кои веста ја потврдија и преку својата интернет страница.

Антиќ се враќа во Белград како трикратен шампион на Европа и со огромно НБА искуство што го стекна играјќи за Атланта Хоукс.

Покрај Атланта, Фенербахче, Олимпијакос и Црвена ѕвезда, Антиќ настапуваше и за АЕК, Лукоил и Спартак, а кариерата ја започна во Работнички. Со просек од 12 поена и 8,5 скока по натпрвар беше еден од најзаслужните за освоеното четврто место на репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во Литванија во 2011 година.