Перо Антиќ продолжува во Работнички?!

Перо Антиќ продолжува во Работнички?!

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ (36) кој последен ангажман имаше во белградска Црвена Звезда, сепак нема да ја заврши кариерата.

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ (36) кој последен ангажман имаше во белградска Црвена Звезда, сепак нема да ја заврши кариерата.

Според информациите на „спорт1.мк“, по само шестмесечно отсуство од терените, Перо се враќа на паркетот и тоа во тимот на Работнички, за кој настапуваше на почетоците од богатата кариера.

Шампионот Работнички има забрана од ФИБА за ангажирање на странски играчи, па клубот може да се потпре само на домашни кадри.

Антиќ, првиот Македонец кој настапуваше во НБА лигата, би бил големо засилување за Работнички кој е бранител на титулата во домашното првенство.