Перо Антиќ: Не размислувам за оставка!

Перо Антиќ: Не размислувам за оставка!

Првиот човек на Кошаркарската федерација Перо Антиќ не размислува да поднесе оставка. Тој како што вели кога кошаркарите играат добро се вика браво, а кога лошо, се фрлаат и дрва и камења. Додава дека не можат тие да влезат на теренот и да играат наместо кошаркарите, но воедно потенцира дека играчите треба да се остават на мира да играат.

-После еден пораз фрлаа со дрва и камења, а веднаш потоа ставот да се смени и да викаме браво. Нека се удира по нас, оставете ги кошаркарите да играат на теренот. Сме биле играчи знаеме колку е важна поддршката од сите страни. Резултатите на крај остануваат на нив, на играчите и на селекторот,  не можеме ние да влеземе на терен и да играме наместо нив. Ние како федерација ги овозможивме сите услови на репрезентацијата, направивме сè што е во рамки на нашите можности. Не размислувам за оставка, истакна Антиќ.

Инаку, македонската кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман на ЕП иако ја победи Естонија, а претходно Италија и остана единствена селекција која со две победи не се пласираше на континенталниот собир. За ова требаше победа против Естонија од 10 коша разлика, но мечот заврши со 86:84 за Македонија.