Перез најавува нови засилувања во зимскиот преоден рок!?

Перез најавува нови засилувања во зимскиот преоден рок!?

Се приближува јануари, иако нема најави за големи трансфери во овој период од годината, Реал Мадрид со сигурност ќе се засилува.

Двајца фудбалери, помалку или повеќе веќе се сигурни, но тоа е инвестиција за иднината. Езекијел Паласиос од Ривер Плата веќе го договори трансферот, па само остана да се официјализира и да се појави веќе во јануари во Мадрид.

Второто ново лице ќе биде Брахим Дијаз од Манчестер Сити. Тој одби нов договор со граѓаните и сака во Реал, а Сити би го пуштил шест месеци порано пред крајот на договорт за сума од 10 милиони, па Перез нема да чека.

Марио Хермос кој игра за Еспањол требаше да биде засилување за одбраната, но се повреди и Реал нема да ја плати откупната клаузула оваа зима.