Перес спремен да го одврзе кесето во престојниот преоден рок

Перес спремен да го одврзе кесето во престојниот преоден рок

По неколкугодишна апстиненција Реал Мадрид се враќа на трансфер-пазарот, нешто што најмногу му недостасуваше на Флорентино Перес.

Новиот тренер Хулен Лопетеги при потпишувањето на договорот доставил листа од пет потенцијални засилувања кои ги сака во летниот преоден рок.

Она што најмногу се очекуваше веројатно ќе се исполни бидејќи на првото место е голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа. Понатаму следуваат: Алваро Одриосола од Сосиедад, Хозе Марија Хименес од Атлетико, Роберт Левандовски од Баерн и најголемото изненадување – Тијаго Алкантара.

По неговото доаѓање, двајца фудбалери ќе имаат загарантирано место во стартната постава – Иско со кого работеше уште во младата шпанска репрезентација и Марко Асенсио. Тоа веројатно ќе значи дека Бејл или Роналдо ќе си заминат летово.