Пеп Гвардиола ќе биде казнет од страна на УЕФА

Пеп Гвардиола ќе биде казнет од страна на УЕФА

Европската куќа на фудбалот и официјално отвара истрага и дисциплинска постапка против тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Сити кој синоќа беше елиминиран на свој терен од Ливерпул, придонесе за Гвардиола да експлодира во нервоза, створена од судиите кои во многу наврати го оштетија јасно Манчестер Сити.

Гвардиола е обвинет за неосновано влегување на терен при завршување на првото полувреме, по што имаше кратка вербална дебата со судиската тројка.

Доколку арбитражата задолжена за вакви ситуации, докаже дека Гвардиола ги надминал своите овластувања кон судиите, може да биде суспендиран на повеќе од 7,8 натпревари во Европа.