(Видео) Во Русија пензионерка освои 7 милиони евра на лотарија

Руска пензионерка Наталија Власкова (63) освои половина милијарди рубљи одоносно 7,2 милиони евра на лотарија, што е најголемата добивка во историјата на таа земја

Државната лотарија Столото објави дека Власова, која живее во Воронјешката област, 600 километри јужно од Москва, открила дека добила на лотарија околу седум дена по извлекувањето на добитникот. Власова изјавила дека нејзината внука прва го проверила нејзиното ливче и заклучила дека нема добивка. Дури кога медиумите објавиле дека добивката отишла во нивната област, повторно го проверила ливчето. Иако добивката е релативно помала во однос на американските и европски џекпотови, половина милијарда рубљи се огромни пари за просечен руски пензионер, чија пензија изнесува околу 200 евра месечно. Власова вели дека дел од парите планира да ги донира во добротоворни цели.