Пенелопе Круз стана бренд амбасадор на Шанел

Пенелопе Круз стана бренд амбасадор на Шанел

Пенелопе Круз низ годините има изградено силни партнерства со повеќе брендови. Најактуелните нејзини соработки се со Swarovski и Chanel.

44-годишната актерка присуствуваше на настан по повод лансирањето на нејзината колекција накит со Swarovski во Париз. На свеченоста таа изгледаше префинето во црн фустан од колекцијата есен/зима 2018 на Шанел.

Круз деновиве и официјално може да се пофали со титулата бренд амбасадор на Шанел. Беше објавено дека таа е главната ѕвезда од рекламните фотографии за колекцијата ресорт 2019.

„Тоа е толку иконски бренд и Карл е гениј и му се восхитувам за сè што има направено уште откога бев девојче, па огромно е задоволството да работам со него. Тој е како крал на модата и имавме навистина, навистина интересно снимање на фотосесија, па тоа што бев пред неговиот фотоапарат е авантура“ – изјавила Круз.