Пеле откри дека не е голем фан на Меси

Пеле откри дека не е голем фан на Меси

Легендата на бразилскиот фудбал, Пеле, во интервју за „Фоља де Сао Паоло“ коментираше за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лео Меси.

Сепак, играчот кој има постигнато над 1000 голови во својата кариера и играчот кој го освоил Светското првенство дури три пати истакна дека не може да се споредува со Меси затоа што тој е многу подобар во секој аспект од играта.

Згора на тоа, Пеле посочи уште неколку фудбалери кои се подобри од Лионел Меси.

-Како може да споредувате играч кој дава голови со глава, шутира со левата, шутира со десната нога и играч кој шутира само со една нога и има само една добра вештина, плус тоа не знае да бие со глава. Како може да споредувате?

-За некого да споредите со Пеле, тој мора да е некој кој шутира добро со двете нозе и постигнува голови со глава.

-Марадона беше еден од најдобрите играчи некога. Ако ме прашате дали беше подобар од Меси? –Да, многу подобар. Има уште играчи како Бекенбауер и Кројф кои исто така беа неверојатни играчи- коментираше Пеле.