Пејачката со месеци е на психијатрија против своја волја!

Пејачката со месеци е на психијатрија против своја волја!

После веста дека се повлече од јавноста со објаснување дека сака да го поддржи својот болен татко, за пејачката Бритни Спирс испливаа информации кои ја шокираа јавноста.

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, пејачката моментално е на лечење во ментална установа, каде е сместена против своја волја. Меѓутоа, пејачката се наоѓа таму од јануари, а не од оваа недела, како што првично беше кажано.

Родителите на пејачката веќе со месеци јавно не се изјасниле, како ни нејзиното момче, Сем Асгари, ниту пак поранешниот сопруг, Кевин Федерлајн. На социјалните мрежи Бритни имаше само две објавени фотографии од јануари, со што предизвика сомнеж кај фановите.

Имено, таа тогаш рече дека мора да му се посвети на својот татко после неговата операција и дека тоа е причината поради која се повлекува од медиумите.

Меѓутоа, во јавноста неодамна се појави гласовна порака од поранешен член на тимот на Бритни Спирс, кој вели дека пејачката е во психијатриска усанова од јануари, како и дека не се знае кога ќе биде пуштена. Тој додава дека пејачката одбивала да оди на лечење и дека таму е против своја волја. Вели дека пејачката не сакала да ги зема лековите кои се нејзина основна терапија уште од 2007-ма година, кога после нервниот слом, ја избричи главата.

Од тие причини, членовите на нејзиното семејство донеле одлука пејачката да ја остават на лечење.