Павел Атман е нов ракометар на Вардар

Павел Атман е нов ракометар на Вардар

Некогашниот ас на РК Металург, Павел Атман, на голема врата се враќа во Македонија, овој пат во шампионскиот колектив на Вардар.

Рускиот репрезентативец во изјава за руската федерација, потенцира дека по разговорите со раководството на клубот и новиот тренер, решил да се врати во Македонија.

По тешкиот период во кариерата, сега добив шанса да заиграм за Вардар, сега размислувам само позитивно, разговарав со тренерот и управата на клубот. Најважно во идниот период ќе биде да ме служи задравјето, да немам проблеми со повредите како изминатиот период. Ако успеам да ги задржам повредите во минатото, ќе ја вратам старата форма во Вардар – потенцира Атман.

Освен Атман, Вардар ова лето добива уште еден руски ракометар, станува збор за Горпишин, кој претходно го договорија а сега го потврдија.

Павел Атман потпиша на две години со европскиот шампион.