Париз Сен Жермен со убедлива победа

Париз Сен Жермен оствари убедлива победа од 5:0 на гостувањето кај Анже.

Во мечот од 11. коло на француската Лига 1, серијата на голови ја отвори Килиан Мбапе уште во 5. минута, а девет минути подоцна Јулиан Дракслер зголеми на 2:0.

Во продолжение следуваа два гола на Единсон Кавани (30. и 60. минута), за конечните Анже – ПСЖ да ги постави Мбапе во 84. минута со својот втор гол на мечот.

ПСЖ сега има 32 бодови, седум повеќе од второ пласираниот Монако кој вечерва пред својата публика го пречекува Генгамп.