Парите не се проблем Мурињо да се врати во Бенфика

Парите не се проблем Мурињо да се врати во Бенфика

Луис Фелипе Виера истакна дека парите не се проблем околу носењето на Жозе Мурињо во своите редови и посочи дека се уште не седнал да разговара со стратегот околу можноста тој да се врати на кормилото на клубот.

Жозе Мурињо беше тренер на Бенфика само девет натпревари а потоа кариерата ја продолжи во Униао де Леириа од каде се пресели во Порто.

Медиумите оваа недела шпекулираа дека Мурињо ја одбил понудата на Бенфика да го замени Руи Виториа посочувајќи дека сеуште е рано да се врати во Португалија.

Но, Виера во интервју за португалскиот медиум СИЦ потврди дека нема разговарано со Мурињо на оваа тема и посочи дека доколку тој сака да се пресели во Бенфика, парите воопшто нема да претставуваат проблем.

Јас сум негов пријател. Кој не би сакал да го има Мурињо како свој предводник? Но, јас не сум разговарал со него на оваа тема. Доколку тој утре каже Да ќе биде овде во истиот момент. Парите не се проблем за Бенфика – истакна Луис Фелипе Виера.