Паратичи: Игуаин останува во Милан!

Паратичи: Игуаин останува во Милан!

Фабио Паратичи потврди дека аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин и идната сезона ќе го носи дресот на Милан.

Игуаин беше дел од размената помеѓу Милан и Јувентус кога минатото лето со Леонардо Бонучи ги заменија клубовите, а Аргентинецот во Милан настапува како позајмен фудбалер.

Изминатиов период се шпекулираше дека Игуаин би можел да се пресели во Челси, но сепак Паратичи потврди дека Милан нема намера да се откаже од Аргентинецот и дека ќе го задржи и идната сезона.

Тој и натаму е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Што се однесува до неговата иднина, сметам дека е важен играч за Милан. Тој е одличен напаѓач, а тие сакаат да го задржат во своите редови и така и ќе биде – изјави Паратичи.