Пандев се повредил на настапите на Македонската репрезентација

Пандев се повредил на настапите на Македонската репрезентација

Тренерот на Џенова, Чезаре Прандели откри дека капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев се вратил повреден од настапите за националниот тим против Летонија и Словенија.

Пандев на нив стана рекордер по бројот на одиграни натпревари за нашата селекција, но ќе биде проблем неговиот настап во Серија А денеска против Удинезе.

Сакаме да ја повториме играта од мечот со Јувентус и да освоиме бодови. Пандев се врати со проблем, односно повреда од својата земја, но тој никогаш не се откажува. Во последен момент ќе одлучиме дали ќе игра – изјави Прандели.

Џенова е блиску до опстанок, на десет кола пред крајот на првенството има девет бода предност пред Болоња. Удинезе е во многу потешка ситуација бидејќи е на само еден бод од зоната за испаѓање.