Палота проговори за трансфер плановите на неговиот клуб

Палота проговори за трансфер плановите на неговиот клуб

Џејмс Палота проговори за трансфер плановите на неговиот клуб во летниот преоден рок.

Рома деновиве ги потврди трансферите на Кристанте и Клајверт, а се очекува наскоро Олимпико да го напуштат неколку фудбалери. Секако, во фокусот беа двете најголеми ѕвезди, Раџа Наинголан и голманот Алисон Бекер.

Палота беше запрашан дали некој од нив ќе заврши во Наполи, а претседателот на Рома одговори:

Не, Де Лаурентис не сака да потроши толку пари. Алисон чини многу, за неговите услуги потребни се 78 милиони евра и тој е најблиску до Реал Мадрид, а Наинголан ќе се пресели во Интер – изјави Палота.