Pagani Zonda HP Barchetta е најскапиот автомобил во светот

Pagani Zonda HP Barchetta е најскапиот автомобил во светот

Суперавтомобилот Pagani Zonda HP Barchetta е најскапиот нов автомобил во светот. Ова беше објавено во интервјуот за „Top Gear“, на шефот на брендот, Хорацио Пагани, кој го процени моделот на 15 милиони евра. Така го надминува еднинствениот примерок на „Rolls-Royce Sweptail“, кој чини 11,2 милиони евра.

Три паримероци ќе бидат направени од „Barchetta“, од кои едниот ќе му припаѓа само на Хорацио Пагани. Автомобилот се разликува од стандардната „Zonda“ во отсуството на покрив, предните седишта и дополнителната аеродинамична заштита на задните тркала изработена од карбон.

Моделот „Zonda“ се произведува во периодот 1999-2011-та година, а најновата верзија е „Tricolore“, но потоа компанијата прави ексклузивни прилагодувања за клиентите. Последниот од нив е под број 33 и се произведува за еден од корисниците на руското тјунинг-ателје „TopCar“.