Овошје кое целосно ќе ве прочисти, без употреба на лекарства

Овошје кое целосно ќе ве прочисти, без употреба на лекарства

Сите знаеме дека смоквите се вбројуваат во најздравите овошја, но многумина не се запознаени со нивната лековита моќ.

Без разлика дали е свежа или сушена, смоквата е богата со многу здрави фито-нутриенти, антиоксиданси и витамини. Сочна и слатка, смоквата е едно од првите овошја во кои уживале и нашите предци.

Постои можноста дека луѓтео одгледувале смокви уште пред да одгледуваат пченица и јачмен. Покрај ниската калоричност (само 74 каории во 100 грама), смоквата содржи и прехрамбени влакна, минерали и витамини. Свежите смокви се ценети поради изобилството на антиоксиданси како што се каротен, танин, лутеин и хлорогенска киселина.

Покрај тоа, свежите смокви содржат и виоко количество на антиоксидантни витамини како што се витамините А, Е и К. Антиоксидансите не штитат од слободните радикали чие разорно делување може да доведе до предвремено стареење, деменција, срцеви заболувања и карцином. Воедно, истражувањата потврдуваат дека хлорогенската киселина прави рамнотежа и кај нивото на шеќер во крвта.