Oвошен јогурт со ѓумбир за топење на масните наслаги

Oвошен јогурт со ѓумбир за топење на масните наслаги

Едноставен и многу лесен рецепт за вкусна напивка која е идеална за меѓуоброк, појадок или вечера.

За подготвување потребно ви е:

Јогурт – зашто совршено делува на мастите во телото и ја регулира пробавата, содржи добри бактерии кои го помагаат пробавниот систем.

Боровинки, јаготки, капини, малини и/или рибизли – затоа што се силни антиоксиданси. Полни се со витамин Ц кој го поттикнува производството на колаген, ја негува кожата и го чува имунитетот.

Ѓумбир – Ја подобрува циркулацијата, ја прави кожата помазна и помлада, гиотстранува грчевите и болката во мускулите.

Банана – Содржи големи количини на калиум кој го регулира задржувањето на водата во организмот што пак го зголемува ефектот на целулитот на површината на кожата.

Во блендер ги ставате ладниот јогурт, по желба може да додадете неколку коцки мраз, и сите останати состојки.

Поради силниот вкус на ѓумбирот не треба да претерувате со него. Отсечете парченце со големина како нокт на палецот. Во истата напивка може да додадете свеж лист од нане, малку цимет и мед. Бадемите се исто така одличен избор.

Пијалакот се конзумира веднаш по подготовката.