Овој пејач е прогласен за најсексипилен маж на годината

Како и секоја година, магазинот People го прогласи најсексипилниот човек за 2017 година.

Овој пат таа чест ја имаше кантри пејачот Блејк Шелтон.

Како пренесуваат медиумите, Блејк е шокиран што баш тој ја добил оваа титула. Сепак многу се израдувал бидејќи сега може да се пофали на својот пријател и колега од шоуто The Voice Адам Левин, кој е прогласен за најсексипилен маж во 2013 година.

Со нетрпение чекам да се пофалам пред Адам. Колку и да сум горд и почестен од наградата, моментално тоа е единствената работа за која размислувам.

Ahhhh….. Home sweet home…

A post shared by Blake Shelton (@blakeshelton) on

Блејк оваа титула ја презеде од актерот Двејн Џонсон, кој е прогласен за најсексипилен маж минатата година.

Дали вие се сложувате со изборот?