Оваа е Листата на богатите на инстаграм за 2019

Оваа е Листата на богатите на инстаграм за 2019

Instagram „Листaтa на богатите 2019“ се заснова на тоа колку еден корисник може да наплати и заработи од една објава, како и на просечниот негов број ангажмани и бројот следачи на оваа друштвена мрежа.

Веќе втора година по ред Кајли Џенер е на врвот на оваа листа, годинава и со поголема заработка. Таа за една објава на Instagram во просек наплатува 1,26 милиони долари.

View this post on Instagram

i even wear @givenchyofficial in my videos ☺️

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Зад неа е Аријана Гранде со 996.000 долари, додека трет е Кристијано Роналдо, чиишто објави просечнно вредат по 975.000 долари.

На четврто место е Ким Кардашијан со 910.000 долари. Следуваат поп-пејачката Селена Гомез (886.000 долари), глумецот Двејн Џонсон „Д Рок“ (882.000 долари) и седма е Бијонсе (785.000 долари).

Осмото место е резервирано за Тејлор Свифт со заработка од 748.000 долари, после неа следат Невмар со 722.000 долари и на десеттото место е Џастин Бибер исто така со 722.000 долари за пост.