Ова е новиот тренер на Тотенхем

Ова е новиот тренер на Тотенхем

Рајан Мејсон е  името кое ќе го води Тотенхем. Тој ја заврши играчката кариера пред точно три години, а сега е наследник на Мурињо.

Мејсон е именуван за привремен тренер на премиерлигашот Тотенхем. Мејсон има само 29 години, а во 2018 година поради повреда на черепот ја заврши играчката кариера. Мејсон досега работеше со младинци во академијата на Тотенхем. По заминувањето на Жозе Мурињо, клубот мораше брзо да реагира, бидејќи веќе утре лондонските Петли имаат меч со Саутхемптон, па се решија за привремено решение. Најавите се дека младиот Мејсон ќе ја води екипата до крајот на сезонава. Најважен меч ќе им биде финалето на Лига купот кое се игра в недела против Манчестер сити