Ова е новата Божиќна честитка од кралското семејство

Ова е новата Божиќна честитка од кралското семејство

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, според традицијата, објавија божиќна семејна честитка, снимана во Анмер хол, кон крајот на ноември.

Божиќниот портрет е во есенски амбиент, а кралската двојка и трите деца, Џорџ, Шарлот и Луис, фотографот Марк Портеус ги сликал насмеани и лежерно облечени.

Со оваа честитка традиционално кралското семејство упати порака за мирни и спокојни празници кои ни претствојат.