Ова е најзгодниот стоматолог на свет

Ова е најзгодниот стоматолог на свет

Дали и вие се плашите од одење на забар? Можеби сепак ќе посакате да одите.

Бразилецот Каду Гиацомини веќе стекна слава на Инстаграм, а за него се зборува дека е најсекси стоматолог на светот.

Откако ги завршил студиите на Универзитетот во Аргентина, Каду се преселил во Лос Анџелес, градот во кој ја добил својата прва работа како стоматолог. Покрај стоматологијата, овој убавец почнал да се бави и со манекенство, во што покрај убавото лице и совршената насмевка му помогнаа и неговите мускули.

Каду се грижи за своето здравје, редовно вежба, а своето мускулесто тело го проовира на Инстаграм.

Секси стоматологот најчесто го следат жени на оваа социјална мрежа, а под фотографиите му оставаат многубројни пофалби.

Поголемиот дел од нив се согласуваат дека е тој најсекси доктор кој досега го виделе и дека радо кај него би закажале контрола.