Откриено какви чевли носеше Лејди Гага на Златен глобус

Откриено какви чевли носеше Лејди Гага на Златен глобус

Лејди Гага на доделувањето на Златниот глобус изгледаше како победник во модна смисла.

Во раскошниот син фустан на Валентино специјално дизајнирана за неа, таа изгледаше како од Дизни цртан.

Гламурозниот изглед таа го надополни со накит од Тифани од 5 милиони долари. Но, пејачката и актерка во ниту еден момент не покажа какви чевли носи под овој фустан.

Се потврди дека Лејди Гага токму тој скриен детаљ го искористила за да остане доследна на себе и стилот по кој е препознатлива од почетокот на кариерата, ексцентрична.

Станува збор за сребрени чизми од Giuseppe Zanotti, со врвки и потпетица од 18 сантиметри.

Моделот е направен специјално за неа, а изработка траела еден месец. Како одела во нив, само таа знае.