Оскаровецот има брат близнак со кој воопшто не наликува!

Оскаровецот има брат близнак со кој воопшто не наликува!

Рами Малек, освен Оскарите ги освои и срцата на многумина, кога го глумеше Фреди Меркјури, а позади себе има доста успешни улоги.

Сепак, сè започнало од детството кога го глумел, ни помалку ни повеќе туку својот брат близнак, односно се појавил на усно испрашување наместо него. Неговиот брат близнак се вика Сами Малек, а Рами тврди дека тие не наликуваат еден на друг, како што мислат луѓето.

„На почетокот изгледавме слично, речиси идентично. Но, со годините тоа се менуваше“, рекл Рами во едно интервју, кога го прашале за Сами.

View this post on Instagram

Photo edit #ramimalek

A post shared by ⠀RamiMalek 🌐 (@malek_brothers) on

Сами Малек е учител, а од братот Рами е постар четири минути. Тие двајца имаат и постара сестра, Јасмин Малек. Потекнуваат од скромно семејство, нивниот татко работел во осигурителна компанија, а мајка им е сметководителка.

Актерот зборувал за школските денови и рекол дека неколкупати го менувал својот брат на тестовите.

„Мојот брат во училиште имаше избрано грчки јазик, но не го учеше, па речиси ја загуби годината. Се договоривме јас да одам на тестот наместо него, иако ниту јас не го знаев тој предмет. Сепак, излегов на усното испрашување и направив шоу, бев толку добар што професорката ме замоли да останам да одговарам и на другиот час кој таа ќе го има кога ќе заврши“, раскажал актерот во емисијата „The Graham Norton“.