Осака го освои Австралија Опен

Осака го освои Австралија Опен

Јапонската тенисерка Наоми Осака (22) е победничка на Гренд слем турнирот Австралија Опен во женска конкуренција.

Јапонката која е четврта светска тенисерка во моментов со резултат 7-6, 5-7 и 6-4 за два ипол часа игра ја совлада шестата носителка на турнирот, Петра Квитова (29) од Чешка.

Во првиот сет кој траеше 53 минути двете тенисерки беа сигурни на свој сервис, па сетот беше решен во тај брејк. Поуспешна беше Јапонката за почетно водство од 1-0, но и за психолошка предност пред Квитова за која ова беше прво големо финале по 2014 година.

Во вториот сет, Осака прва загуби свој сервис, во вториот гем, но Квитова потоа двапати беше несигурна, со што Јапонката стигна до можност при 5-4 во гемови да сервира за триумф на турнирот. Сепак, кога се очекуваше дека Квитова нема сила за нешто повеќе, чешката тенисерка направи брејк и израмни на 5-5 во вториот сет. Потоа следуваше освоен сервис и неочекува брејк, по што Квитова израмни на 1-1 во сетови добивајќи го вториот сет со 5-7 за вкупно 56 минути игра.

Во третиот одлучувачки сет чешката тенисерка влезе со психолошка предност. Сепак во третиот гем Јапонката и направи брејк, предност што знаеше да ја зачува до крајот за финални 6-4. Со овој подвиг, Осака се искачи на првото место на ВТА листата.

Осака по вторпат едноподруго играше финале на тениски гранслем-турнир по триумфот во Њујорк, лани во септември. Таа е првата тенисерка што се пласираше во финале на гранслем-турнир веднаш по првата титула.

Квитова која е двократната шампионка на Вимблдон во 2011 и 2014 година имаше враќање во светот на тенисот по незгодата кога беше нападната и прободена со нож при грабеж на нејзиниот дом во Чешка, во декември 2016 година.