Организаторите на Оскарите со новости

Организаторите на Оскарите со новости

Организаторите на Оскарите денеска соопштија дека ќе воведат нова  наградна категорија за филмовите, како и дека преносот на церемонијата во 2019 година ќе биде ограничен на три часа.

Не е познато која нова наградна категорија ќе биде воведена.

Академијата за филмски уметности и наука, која ги организира Оскарите, исто така, соопшти дека за време на преносот на манифестицијата ќе има и реклами.