Онур и Шехерезад со своја изведба на свечен настан

Халит Ергенч и Бергузар Корел или попознати како Онур и Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, се почесто се гости на разни свечени настани во Истанбул.

Бергузар освен како актера е истакната пејачка во Турција, а пак нејзиниот сопруг не ретко знае да се качи на сцената и да запее заедно со неа.

Сепак, како што е талентиран пред камера, тоа не е случај и пред микрофонот кога ќе запее, но затоа е тука неговата сакана Бергузар за да го „покрива“.