Oнлајн продавница за свесна и одржлива мода

Oнлајн продавница за свесна и одржлива мода

Сите оние кои можеби го пропуштија изложбено-продажниот шоурум „Свесна Мода“, или, пак, не го направија својот конечен избор за време на тридневното „поп-ап“ издание на Моден Викенд Скопје, сега имаат единствена прилика, одново да ги видат и купат уникатните креации од колекциите на повеќето учесници. Од денес се достапни за продажба исклучиво во рамки на домашната платформа за уметност и дизајн Skala.

Сакате да се подновите со уникатно парче облека или аксесоари? Размислувајте глобално, купувајте локално! FWSK во партнерска соработка со берлинската агенција ONLYAFEW направи внимателна селекција и го прикажа најдоброто од одржливиот дизајн на неодамна одржаниот 22. Моден Викенд Скопје, пружајќи им максимална поддршка, како на истакнатите брендови, така и на перспективните таленти кои почитуваат еколошки, занаетчиски и етички принципи на работа.

По нивната презентација на изложбено-продажниот шоурум „Свесна Мода“, мноштво креации завршија во рацете на задоволните купувачи. Преостанатата богата понуда од повеќето домашни учесници, пак, сега е повторно достапна во новата е-продавница на македонската платформа за уметност и дизајн Skala. Ова е единствената „адреса“ каде од денес ќе може да се видат и купат онлајн сите парчиња со големи поволности.

Имињата кои ја продлабочуваат заедничката мисија на FWSK, ONLYAFEW и Skala за промоција на свесната и одржлива мода во нашата земја се: Ирина ТошеваTerziya MovementMinnimalСтефанија НасескаSeddumКотев КсенијаTessuti ArtKrenare RugovaPSSBLLIPA CeramicsSiideess и Саксија Urban Pots. Во текот на наредните месеци, споменатите дизајнери ќе изненадат и со ексклузивни капсулни колекции.

За потребите на онлајн продавницата Skala беа изготвени наменски лукбук фотографии, дело на Антонио Станков од тимот на Џолев и Уметностите, пред чиј објектив се најдоа моделите Ивона Ристовска и Ивана Ристовска од агенцијата Подиум во просториите на Јавна Соба.

Приклучете се и вие кон поддршката на модните херои на денешницата. Направете добар избор што ќе трае со клик на следниот ЛИНК