OnePlus 7 ќе има „подвижна“ селфи камера

OnePlus 7 ќе има „подвижна“ селфи камера

Настојувајќи екранот да се „протега“ низ целата предна површина од телефонот, од компанијата OnePlus најверојатно одлучиле да го употребат решението на конкуренцијата.

OnLeaks ги објави првите фотографии од новиот OnePlus 7, на кој што може да се види големиот екран со дијагонала од 6,5-инчи кој што се протега речиси на целата предна површина од паметниот телефон.

Како OnePlus го решија проблемот со поставувањето на предната камера? На сличен начин како и Vivo Nex S и Oppo Find X – предната селфи камера излегува од куќиштето кога ќе посакате да направите селфи фотографија, а потоа се враќа назад.

Што се однесува до другите информации во врска со новиот OnePlus 7, наводно овој телефон ќе биде опремен со моќниот Snapdragon 855 процесор, ќе има три камери на задната страна и нема да има 3,5 мм влез за слушалки. Исто така, познато е дека нема да поддржува бежично полнење и нема да поддржува 5G.

Според последните гласини, новиот OnePlus 7 би требало да се појави во текот на мај или јуни оваа година, а цената по која што ќе се продава засега е непозната.

Досега, цените на уредите на OnePlus константно растеа, па како што пренесува Engadget, не би требало да не зачуди доколку истото се случи и со новиот OnePlus 7.