Оливија Њутн-Џон ја стави на аукција оригиналната кожена јакна од „Брилијантин“

Оливија Њутн-Џон ја стави на аукција оригиналната кожена јакна од „Брилијантин“

Оливија ја стави на аукција оригиналната кожена јакна од филмот за да ги донира парите за истражувања на ракот.

Јакната беше купена за 243.200 долари, а хуманиот купувач одлучи да ја изненади Оливија и да ѝ ја подари. Погледнете ја нејзината реакција.

Kindness and Generosity with Olivia Newton-John (Post Auction Update)

Here is the full video of what happened following our "Property From The Collection of Olivia Newton-John" auction last month, as a result of the generosity of the winning bidder of her iconic Grease jacket…#OliviaNewtonJohn #Kindness #Inspiration #Hope

Posted by Julien's Auctions on Tuesday, 10 December 2019

Оливија е основачка на Центарот за истражувања на ракот и велнес центар „Оливија Њутн-Џон“ во Австралија. Позитивната ѕвезда со позитивност по третпат се бори со ракот.

Имено, таа првпат се соочи со рак на дојка во 1992 година. „Го открив ракот на дојка кај себе за време на самопреглед и раното откривање ми го спаси животот. Жените треба да се самопрегледуваат секој месец за да се запознаат со своето тело и да забележат ако има промени“ – порача таа пред три години.

Во 2013 година, дозна дека ракот се проширил во нејзиното рамо, а во 2017 година ѝ беше пронајден канцер во крсната коска.

Пред неколку месеци, кога се ширеа гласини дека ракот кај неа е во напреден стадиум, таа порача: „Сакам сите да знаат дека сум тука, ми оди одлично. Беше тешка година, затоа што си ја скршив крсната коска и повторно морав да учам да одам и сето тоа. Но, силна сум, се вратив и се чувствувам добро и ја обожавам секоја минута. Позитивна сум за мојот живот и моето патување и се надевам дека тоа ќе поттикне и други луѓе да бидат позитивни за нивните.“