Официјално: Елиф Елмас е нов фудбалер на Наполи

Официјално: Елиф Елмас е нов фудбалер на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец денеска ќе го комплетира својот трансфер во редовите на италијански Наполи.

Елиф Елмас го напушти Фенербахче и денеска ги мина лекарските прегледи по што и официјално ќе биде промовиран како ново засилување на екипата на Карло Анчелоти.

Веќе подолго време се најавуваше овој трансфер, а повеќе нема дилеми дека нашиот дијамант од следната сезона ќе настапува на Сан Паоло. Во текот на вчерашниот ден Фенербахче се прости од нашиот репрезентативец, а веќе денеска Елмас пристигна во Рим на лекарски прегледи кои успешно ги мина и веќе се појави во опремата на Наполи.