Официјална премиера на Volkswagen Touareg R SUV

Официјална премиера на Volkswagen Touareg R SUV

Volkswagen ја проширува гамата на модели со ознака R – и го претстави моќниот Touareg R кој користи хибриден погон за да испорача одлични 462 коњски сили и 750 Nm вртежен момент!

Големиот плаг-ин хибриден SUV комбинира 3-литарски V6 TSI турбо-бензинец кој испорачува 340 коњски сили, со електромотор кој испорачува дополнителни 136 коњски сили. Вкупната, системска моќност е импресивни 462 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Батеријата – која е со капацитет од 14.1 kWh – е поставена во подот на багажникот.

Достапни се неколку различни режими на работа – E-Mode е на струја, додека Hybrid дозволува системот самиот да одлучува. Секако, тука се и веќе-достапните режими – Eco, Comfort, Normal, Sport и Individual, како и Offroad и Snow.

Touareg R ќе го препознаете по поагресивните браници со големи отвори за воздух, но и по црната маска на ладилникот, затемнетите светла, 20-инчните Braga тркала и малиот милион други спортски детали. Доколку сакате, можете да нарачате и 21 или 22-инчни тркала.  Кабината добива спортски седишта, редизајниран управувач, алуминиумски декоративни елементи, црни детали на централната конзола, итн.. Стандардно ќе добиете 12-инчен панел со инструменти пред возачот, како и голем 15-инчен мултимедијален уред, но и 4-зонски клима уред, LED предни светла, и уште многу, многу повеќе.