Официјален старт на глобалното движење Women in Tech во Македонија

Официјален старт на глобалното движење Women in Tech во Македонија

Оваа среда ќе се означи со официјален старт на Women in Tech Macedonia – локално поглавје на глобалното движење Women in Tech® во Македонија.

Тимот на Women in Tech со задоволство го најавува свеченото отворање во соработка со Adeva, Slice, Cosmic Development, Women TechMakers и Symphony.

Официјалното отворање на Women in Tech Macedonia ќе се оддржи во новиот инкубатор “StartUp Club Skopje” со почеток од 17:30ч. На настанот ќе бидат присутни преставници од Unicef, Microsoft како и панел гости говорници претставници од бизнис, стартап и едукaцискиот сектор. Панел дускусијата ќе заврши со извлекување на целосна стипендија за Компјутерски мрежи во износ од 3000 евра од Seavus Едукативен и развоен центар, “Google mini home” од Google Developers group Skopje и пет ваучери од 100 евра за обуки од Brainster. Настанот ќе заврши со коктел дружба за мрежно поврзување.

Women in Tech®  е глобално движење составено од членови, партнери и екосистем на мрежи кои ги споделуваат вредностите и мисијата за инклузивна ИТ индустрија.
Women in Tech е организација отворена за сите – без оглед на пол, раса, етничка припадност, возраст, сексуална ориентација или попреченост.

Како меѓународна непрофитна организација, Women in Tech има двојна мисија – да ја намали половата разлика и да помогне на жените во изучувањето на технологијата. Организацијата се фокусира на четири примарни области кои што се повик за акција: Едукација, Претприемништво, Настани и Истражување. Целта е да се едуцираат, екипираат и поддржат жените и девојките да учат и да ги подобрат своите технички вештини за да успеат во STEM кариерни области.

Повеќе за иницијативата тука.