И од Мадрид потврдуваат за трансферот на Гризман?

И од Мадрид потврдуваат за трансферот на Гризман?

Антоан Гризман идната сезона ќе биде член на Барселона.

Ова долго време се спомнува во Шпанија иако ниедно официјално лице на Барса и Атлетико не сака да зборува на таа тема. Се до денеска кога, наводно, еден од директорите на мадридскиот клуб го потврдил трансферот.

АС објави дека договорот меѓу двата клуба бил направен уште во октомври 2017 година, но Гризман инсистирал на тајност со цел во мир да ја заврши сезоната во Атлетико. Јорганџиите имаат можност кампањата да ја завршат со трофеј бидејќи во среда играат со Марсеј во финалето од Лига Европа.

Трансферот на Гризман официјално ќе биде објавен на крајот од сезоната во Шпанија, а тоа е идната недела.